Пендаровски му го врачи мандатот Спасовски за формирање преодна влада
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот за формирање преодна влада на Оливер Спасовски откако на седница на Собранието беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев.
-Врз основа на член 84 од Уставот и Законот за Влада, предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство за мандатар за состав на преодната влада за спроведување избори за пратеници го определувам Оливер Спасовски, изјави Пендаровски на настанот што се одржа во „Вила Водно“.
Спасовски од своја страна изрази благодарност за, како што рече, честа и одговорноста која ја добива како мандатар за состав на преодната влада.
-Наша задача ќе биде да направиме се да продолжи државата со напредокот да направиме се да имаме фер и демократски избори и да овозможиме слободно граѓаните да донесат одлука. Меѓутоа, сите институции да продолжат понатаму со истата динамика како што работеа и досега, рече Спасовски.
По добивањето на мандатот Спасовски треба на седница на Собранието да го изнесе своето експозе како мандатар на техничката влада и програмата за работа. Се очекува техничката влада да биде избрана во Собранието најдоцна до полноќ.
Според најавите од Кабинетот на шефот на државата, по завршувањето на собраниската седница за избор на новата техничка влада, претседателот Пендаровски во неговиот Кабинет во „Вила Водно“ ќе ги прими членовите на новиот владин состав.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка