Пендаровски: Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг
Во врска со изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за рејтингот на претседателот Пендаровски, во прилог проследуваме став од претседателот:
„Христијан Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг.
Имено и после цели пет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ има двојно помал рејтинг од нивниот поранешен претседател Никола Груевски.
Во македонската политичка историја, претседателите на најголемите политички партии секогаш имале двојно повисок личен рејтинг од партиите кои ги воделе. Ова беше случај и со Бранко Црвенковски и со Зоран Заев кај СДСМ, и со Љубчо Георгиевски и Никола Груевски кај ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски е единствениот исклучок затоа што има 50% понизок рејтинг од партијата која ја предводи.
Впрочем, најпрецизен индикатор за личниот рејтинг на Мицкоски е последната анкета на фондацијата ИРИ, на која претседателот Пендаровски има најголема доверба, а Мицкоски не се наоѓа ниту меѓу првите петмината на листата“.
Кабинет на претседателот Стево Пендаровски
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“