Пендаровски: Ќе се заложиме за просечна плата од 30.000 денари
Носителот на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1 Стево Пендаровски денеска изјави дека просечната плата во Македонија е најмала во регионот и дека нивна заложба е доколку дојдат на власт таа да изнесува 30.000 денари.
- Ако му верувате на официјалниот Завод за статистика, просечната плата во Македонија е околу 21.000 денари. Меѓутоа сите ние што живееме во Република Македонија и што едвај врзуваме крај со крај знаеме дека тоа е далеку од вистината. Најмалку 30 до 40 проценти од сите луѓе за кои се тврди дека земаат просечна плата од над 21.000 денари, не земаат ништо или не земаат плата во тој износ со месеци. И да е таа бројка точна, и да претпоставиме дека таа бројка е факт што не е, и со таа просечна плата Македонија е на дното на регионот на Западен Балкан, ако се споредува со било чија просечна плата од БИХ, преку Црна Гора, Србија, Албанија па се до Косово, рече Пендаровски.
Според него износот на просечна плата за кој тие ќе се заложат ќе биде реален.
- Нашата заложба која ќе ја спроведеме веднаш по 11 декември е просечната плата во првите 4 години од мандатот на новата Влада предводена од СДСМ да биде 30.000 илјади денари. Тоа ќе биде реална плата во целиот износ, а не фиктивна како што сега стои во соопштенијата на државниот Завод за статистика, напишани во Штабот на владеачката партија, рече Пендаровски
Тој ги повика политичките противници како што рече, да се одважат и да излезат на дебати за да можат да ги соочат пред македонската јавност нивните ставови за битни прашања.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка