Пендаровски: Итно носење закон, а институциите да си ја завршат работата
Зачестените бугарски здруженија во Македонија не се случајни и прават полиитчка штета смета шефот на државата Пендаровски. Во изјава за „Сител“ апелира веднаш да се донесат законските измени со цел да се оневозможи користење на контроверзни историски имиња, додека за постојните бугарски клубови вели дека надлежните институции треба соодветно да реагираат.
Откако во петокот во Охрид се отвори културен центар со името Цар Борис 3, а пред неколку месеци и „Ванчо Михајлов“ во Битола, Централниот регистар потврдува дека стигнала пријава за нов бугарски клуб „Цар фердинанд“ во Богданци. Сепак, надлежните не даваат детали за основачот на здружението.
Фердинанд буди негативни асоцијации кај Македонците, сметаат историчарите, а целиот процес има политичка димензија.
“Тоа е некоја тенденција со која се претендира да се поврзе историјата на Бугарија со Македонија. Фердинанд и Борис трети се симбол на окупацијата на Макединија”
Повик да се изјаснат околу Цар фердинанд чекаат и од новоформираното Ад Хок тело, но шансите тоа да се случи не се големи, смета претседавачот на седумчлената група.
“Во случајов постои голема веројатност новото здружение да се формира како и тоа за Цар Борис трети, а тоа е согласност да даде некој од живите потомци. Тоа е предвидено кај нас во нашата правна регулатива”
Од правда, пак, велат дека се уште нема стигнато барање од Централниот регистар за мислење за Цар Фердинанд, врз кое веднаш ќе треба да се состане советодавното Ад Хок тело.
Од Владата го повторија дека бугарските клубови треба да избегнуваат имиња кои ги повредуваат чувствата на граѓаните, а реакција нема ниту од Комисијата за заштита од дискриминација, од каде се чека одлука за претставката за клубот “Ванчо Михајлов”.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
