Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Нов Зеланд и на Виетнам
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Нов Зеланд и на Виетнам во Република Македонија.
На церемонијата на предавање на акредитивни писма од новоименуван амбасадор на Нов Зеланд, Ентони Џорџ Симпсон, претседателот Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, нагласил дека нашите две земји ја споделуваат визијата и одговорноста за посигурен и предвидлив свет, за одржлив развој и економски просперитет, како и за заштита на човековите права и на човековата околина, а овие цели најефикасно се остваруваат преку механизмите на мултилатералната соработка.
– Ја цениме активната улога на Нов Зеланд во рамките на ООН, рече претседателот Пендаровски додавајќи дека нé радува нашето партнерство и соработка на ова поле и во иднина.
Амбасадорот Симпсон, се вели во соопштението, нагласил дека двете земји, иако се географско одалечени, споделуваат многу заеднички нешта како што е посветеноста на обезбедување свој придонес кон одржувањето на светскиот мир и безбедност преку учество во меѓународните операции за одржување и поддршка на мирот, како и преку промовирање на дијалогот и мирното разрешување на спорови во нашите соодветни региони и пошироко. Нов Зеланд, додаде амбасадорот Симпсон, ја препознава значајната улога на Македонија во одржувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан.
На церемонијата на предавање на акредитивни писма од новоименуван амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам Доан Туан Лин, претседателот Пендаровски истакнал дека двете пријателски земји демонстрираат искрена желба и настојувања за развој на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес изразувајќи уверување дека заемната соработка ќе биде збогатена со нови содржини.
Амбасадорот Лин, се вели во соопштението, рече дека е почестен што е назначен како амбасадор во нашата земја истакнувајќи дека ќе го даде својот придонес кон натамошното зајакнување на пријателството меѓу Виетнам и Македонија во интерес на народите на двете земји.
Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори во нашата земја им посака успех во вршењето на одговорната дипломатска функција.
Ново на Сител
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом
-
МЗ: На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар