Пендаровски ги потпиша законите за отворање на два нови гранични премини со Грција
Указите за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Северна Македонија и Грција за отворањето на два гранични премини, односно Граничниот премин Мајден – Промахои и Граничниот премин Маркова нога – Лемос, денеска ги потпиша претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, претседателот смета дека Спогодбата ќе придонесе за натамошен развој на севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за развој на прекуграничната соработка и ќе ја олесни комуникацијата на населението што живее во регионот на двата гранични премини.
Претседателот Пендаровски, се наведува во соопштението, очекува од надлежните институции да дадат максимален придонес за реализација на предвидените активности и за што поскоро отворање на двата гранични премини.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација