Пендаровски: Екстрадицијата на Палчо ќе се случи скоро, таа не е спорна од разузнавачко безбедносен аспект
Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот“ на Телевизија Сител, говорејќи за случајот со осомничениот за двојно убиство, Љупчо Палевски – Палчо, изрази очекување дека неговата екстрадиција ќе се случи наскоро.
„Доцна попладнево добивме информација дека неговата екстрадиција не е спорна од безбедносно-разузнавачки аспект и практично сега остануваат само техничките детали од она што се нарекува меѓународна правна помош што се случува како процес меѓу двете министерства за правда. Значи, ако смеам да предвидувам, бидејќи ова не е спорно, имаше прашања што со некакви припадници на ФЕТО, паметите...нема да има никакви условувања. Од тој аспект работата е исчистена, чиста, и дека сега останува само да се договорат деталите за примопредавање кои се од технички карактер. Значи, дека таа екстрадиција може да се случи многу скоро.“
Ново на Сител
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет
-
На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор
-
Седма пленарна конференција на Национална конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија
-
Новиот премиер Мохамед ал Башир им вети на Сиријците стабилност и спокојство
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
-
Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците
-
Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините