Пендаровски до Гир: Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка
елосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е суштинска гаранција за натамошен демократски развој, стабилност и просперитет на регионот. Ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ, Само преку дијалог и почитување на принципите и темелните вредности на Европската Унија и на меѓународното право, може да се надминат билатерални разлики и предизвици.
Ова го истакнал претседателот Стево Пендаровски денеска на средбата со шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, на која беа разменети мислења и информации за европските перспективи на Република Македонија, за можностите за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија и за текот на имплементацијата на реформите во насока на исполнување на европските стандарди.
-Република Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка, истакна претседателот Пендаровски, потенцирајќи дека почетокот на преговорите за членство ќе претставува дополнителен поттик за забрзување на реформите.
Како што соопштија од кабинетот на претсдетаелот, на средбата беа разменети мислења и за актуелните мерки и состојби во Европската Унија во насока на справување со пандемијата на Ковид-19, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност за солидарноста и поддршката од ЕУ за здравствениот сектор, како и за финансискиот пакет со цел справување со социо – економските последици од пандемијата, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп