-->
-->
Пендаровски: Да се прави разлика меѓу СЈО и истрагата за „Рекет“
-->
Претседателот Стево Пендаровски смета дека мора да се направи разлика меѓу истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство и работата на обвинителите во Специјалното јавно обвинителство.Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека е разочаран од тоа што го слуша во последниве денови во врска со СЈО. Апелира до надлежните што е можно побрзо и потемелно да ја спроведат истрагата и да не обрнуваат внимание на евентуалните политички притисоци, затоа што процесирањето на предметот е битен и за СЈО и за демократските процеси кои и престојат на земјата.
– Една работа е работата на институцијата СЈО до овој момент и постапките кои ги воделе различни обвинители, не само Катица Јанева. Сосема друга работа е последниов случај за кој јас ургирам и од оваа позиција, како и да се сфати, до надлежните органи да ја процесираат што побрзо и што подлабоко за да не остави ни најмала дамка на работата на институцијата како таква. Да заклучам, СЈО беше и тоа како потребно во времето кога ги правевме демократските промени. СЈО во некаков облик, во некој дел од системот на редовно јавно обвинителство и те како е потребно и во наредниот период да ги процесира криминалите, не само на оние што биле на власт, туку на нас што сме денеска на власт, вели Пендаровски.
Шефот на државата истакнува дека СЈО е клучната институција која покрај Преспанскиот договор ни ги отвори вратите на ЕУ и НАТО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зајакната акциска контрола на МВР - санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол
-

Земјотрес од 7,4 степени во Колумбија, најмалку 20 загинати
-

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки
-

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица uapseni поради безобѕирно управување моторно возило
-

Побарал возило на заем од познаник, наместо да го врати кажал дека е дефект и го продал на друго лице
-

Подвиг за незаборав - Владо Деловски се искачи на планината каде пред години го загуби својот татко
-

Државни и воени делегации оддадоа почит на загинатите бранители во касарната „Илинден“
-

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, приведен кавадарчанец во алкохолизирана состојба
