Пендаровски: Да излеземе сите и да покажеме дека сакаме заедно да одиме напред
Нема друг да ни ја заврши работата, мора масовно да излеземе сите и да покажеме дека огромна бројка граѓани сакаат сите заедно да одиме напред, а не да се враќаме во лошото минато, порача вечерва во Гостивар заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.
Нагласи дека, додека претходната власт ги наполни куферите и избега со парите во странство, власта од која е тој дел, се залага да станеме дел од ЕУ и НАТО и да се стави крај на политиката на делби и државата да биде внатре сложна со убава меѓуетничка кохезија.
– Во јуни влегуваме во подотворената врата кон ЕУ. Со тоа се отвораат огромни можности во делот на пристапните фондови, каде што ЕУ ќе ни дава европски пари да се развиеме во инфраструктура, во образование, во здравството … До 900 милиони евра на годишно ниво можеме да повлечеме, ако сме паметни, а имаме паметни деца кои може тоа да го направат, рече Пендаровски.
Посочи дека немаме резервна татковина и оти за тоа мора сите да се согласиме и власт и опозиција.
– Ова е државата каде сме се родиле и сакаме да живееме и понатаму. Второ, оваа држава мора да биде демократска. Секој, независно од вера, нација и политичка припадност да ги има истите права и одговорности. Трето, најважно, кој и да е на власт,мора да работи за подобар економски развој и да имаме двапати, трипати поголем стандард на живеење од тоа што го имаме сега, изјави Пендаровски.
Во однос на Специјалното јавно обвинителство, Пендаровски рече дека тој закон ќе биде донесен во Собранието, затоа што таков закон мора да има.
– Тоа беше општонароден грабеж невиден во историјата на оваа држава. Тоа не може туку така, собраа парите и заминаа. Ќе ги вратат парите и ќе лежат затвор, а од утре ќе важи и за мене, порача Пендаровски.
Порача дека неговата кандидатура формално е поддржана од 31 политичка партија и за тоа е благодарен на СДСМ и на Зоран Заев, но доколку, како што рече, и господинот Заев утре како актуелен премиер се огреши од законите, нема да му прости.
На трибината во Гостивар, Пендаровски на граѓаните им порача дека не е поткачен на бина, затоа што претседателот го замислува како обичен човек, од народот за народот, а не од високо да гледа на луѓето.
Ново на Сител
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА
-
Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија
-
Уставниот суд поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители
-
Три странски влади имале планови да предизвикаат физичка штета на државјани на Австралија, вели шефот на австралиското разузнавање
-
Баро: Русија одлучи ЕУ да и биде непријател
-
Кривична за вработена во Одделението за управни работи Куманово - непрописно продолжила регистрација на возило