Пелоси со осуда за Израел поради забрана за влез на пратенички од САД
Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси ја осуди одлуката на Израел да им забрани на две демократски пратенички да влезат во земјата, велејќи дека тоа е „под достоинството на големата држава Израел“.
Демократската политичарка, кој долго време го поддржува Израел, додаде дека изјавите на претседателот Доналд Трамп со кои ги нападна пратеничките Рашида Тлаиб и Илхана Омар, а кои го охрабрија Израел да ја забрани нивната планирана посета, се показател за незнаење и непочитување и се под достоинството на претседателот.
Тлаиб и Омар се критичари на начинот на кој Израел постапува со Палестинците, а многу републиканци ја обвинуваат Омар за антисемитизам.
Пелоси потсети дека израелскиот амбасадор во Вашингтон Рон Дермер неодамна изјавил дека Израел нема да одбие ниту еден член на Конгресот да влезе во земјата и ја опиша новата одлука како тажна и длабоко разочарувачка.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228