Пелоси: Претставничкиот дом ќе гласа за ограничување на воените акции на Трамп
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе гласа за резолуција, која има за цел да ги ограничи овластувањата на претседателот на САД, Доналд Трамп да покрене воена акција против Иран, најави претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.
Таа додаде дека гласањето ќе се одржи бидејќи одредени членови на Конгресот се загрижени поради тоа што администрацијата на Трамп за време на брифингот со пратениците не ја изнела стратегијата и одлуките.
Изјавата на Пелоси уследи откако Иран утрово истрела повеќе балистички ракети врз две воени бази во Ирак, во кои се стационирани американски војници, а Иранската револуционерна гарда презеде одговорност за нападот, истакнувајќи дека тоа е одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани.
Пелоси посочи дека убиството на Сулејмани, извршено од администрацијата на Трамп, ги загрози американските војници, дипломати и други „ризикувајќи сериозна ескалација на тензиите со Иран“.
Ново на Сител
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство