Пелоси: Нема да започнам постапка за импичмент на претседателот Трамп
Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД Ненси Пелоси изјави дека нема намера да отпочне постапка за отповикување на претседателот Доналд Трамп.
Според неа, тоа може да се случи само ако се појават нови категорични сведоштва против претседателот.
– Импичментот ќе предизвика таква поделба во општеството, што ако не се појави нешто толку убедливо и категорично што ќе даде универзална поддршка за општеството за таков чекор, не мислам дека треба да одиме по тој пат, рече Пелоси како одговор на новинарско прашање .
Прашањето за импичмент на претседателот беше покренато јавно од неколку конгресмени од Демократската партија, според кои некои активности на Трамп, вклучително и истрагата во мешањето на руската афера, се основа за негово отповикување.
Ново на Сител
-
Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор