Фудбал
13. July 2016 - 9:12

Пеле во класата на Роналдо и Меси

Италијанскиот репрезентативец Грацијано Пеле со трансферот од Саутемптон во Шандонг стана петтиот најплатен фудбалер во светот, со неделна плата од 260.000 фунти.
 
Пеле, кој блесна на ЕУРО 2016, а претходно имаше добра сезона во Суетемптон, имаше понуди од Челзи, Јувентус и Лацио, но се реши да ја избере финансиски неверојатната понуда на Шандонг, во моментов претпоследниот на табелата во кинеската лига.
 
Според неделната плата, пред Пеле се само четворица играчи: Кристијано Роналдо (340.000 фунти), Лео Меси и Хул (325.000 фунти) и Нејмар (310.000 фунти).