Пеколот допрва ни доаѓа - Еве какво време не очекува викендов

Жолтата алертна фаза ќе се задржи и во текот на викендот. Во петок претпладне ќе преовладува облачно време со сончеви периоди кога се уште ќе има локални врнежи од дожд со појава на ретки грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на температурата која ќе се движи помеѓу 28 и 35 степени.
Од сабота следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.
Времетo во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На одделни места особено во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а ќе има услови и за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено повеќе услови за врнежи ќе има во југозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветар од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 21 степен, а дневната од 27 до 35 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерна облачност, како и со умерен, а повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Ново на Сител
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања
