Пеколот допрва доаѓа: Погледнете ги температурите за следната недела

Уште потопло време со температури и над 40 степени Целзиусови, најавува за наредната недела Управата за хидрометеоролошки работи.
- Македонија од понеделник ќе биде под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што ќе предизвика натамошен пораст на дневните температури, кои во поголем дел од земјава ќе бидат над 35 степени. Особено топло се очекува кон средината на неделата, кога долж Повардарието и во југоисточниот дел дневните температури ќе бидат над 40 степени, соопшти УХМР.
По денешните максимални 38 степени и УВ индекс 9, синоптичарите и за деновите од викендот прогнозираат слично време, но со можност за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи возападните предели на Македонија.
Од понеделник, пак, се очекува пораст на температурите и над 40 степени.
Тропското време, според биометеоролошката прогноза, може да предизвика здравствени проблеми кај луѓето.
Во попладневните часови се очекува честа појава на главоболка, болки во колената, на грбот и вратни боли. Во вечерните часови можна е појава на општа слабост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во ноќните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се подолготрајни.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
