-->
-->
Пеколниот финиш на Севилја го сруши Реал
-->
Откако пред три дена во реваншот од осминафиналето на националниот куп не успеаја, во неделата вечерта фудбалерите на Севилја во дербито од 18-то коло на шпанското првенство го совладаа Реал Мадрид со 2-1, со неверојатен пресврт и ѝ ставија крај на серијата на непоразеност на „кралевите“ која траеше 40 натпревари од април 2016 година.
До 86 минута Реал имаше водство, победа и три бода во рацете, благодарејќи на голот што го постигна Кристијано Роналдо во 67 минута од пенал. Меѓутоа, следеше пресвртот во кој придонес имаше и капитенот на мадриѓаните Серхио Рамос.
Имено, во 86 минута Рамос катастрофално реагираше на нафрлувањето од Сарабија и со глава топката ја спроведе во сопствената мрежа. Една минута ги делеше Севилја и Реал од поделба на бодовите, но Стеван Јоветиќ со удар од 20-ина метри успеа да го совлада Кејлор Навас и да ѝ ја донесе победата на Севилја за напредување до второто место на табелата.
Севилја сега има 39 бодови, еден помалку од водечкиот Реал а еден повеќе од третопласираната Барселона. Реал има натпревар помалку во однос на најблиските ривали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра