Спорт плус
14. February 2017 - 18:45

Пекол за Армстронг, американската влада му бара 100 милиони

Ленс Армстронг не успеа пред судот да издејствува да биде отфрлена тужбата на американската Влада вредна 98,5 милиони долари.
 
Ленс Армстронг, човек кој на многумина им беше херој се до моментот кога призна дека користел допинг, поради што му беа одземени сите седум титули на Тур де Франс, а тој доживотно суспендиран од спортот, се обидел но не успеал да издејствува да биде отфрлена тужбата која против него ја покрена американската Влада.
 
 
 
Спорот на Владата на САД и Армстронг „вреди“ 98,5 милиони евра, сума која велосипедистот ја добил во текот на кариерата најмногу од спонзорските договори. Инаку тужбата која ја поддржа Владата на САД, во 2013 година, ја покрена поранешниот тимски колега на Армстронг, Флојд Ландис.
 
Во тужбата се наведува дека Армстронг со своите лаги ги измамил јавноста и спонзорите, кои во времето на неговата најголема слава водеа вистинска војна за да добијат можност да вложуваат пари во него и неговиот тим.
 
US Postal го спонзорираше тимот на Армстронг од 1996 до 2004 година, а тој во периодот од 1999 до 2005 година освои седум титули на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот, Тур де Франс.
 
Дека користел недозволени сретства Армстронг јавно призна во 2013 година во сега веќе легендарното интервју кај Опра Винфри.
 
Федералниот судија Кристофер Купер, во образложението на 37 страници, меѓудругото напишал:
 
„Владата изнесе цврсти докази дека Армстронг ги криел информациите за користење на допинг во тимот, а тие се важни кога се носат одлуки за спонзорство. Судот не го прифаќа барањето на Армстронг тужбата да биде отфрлена“.
 
Инаку, US Postal на име на спонзорски договори, на тимот на Армстронг, во периодот од 2000 до 2004 година исплатил околу 33 милиони долари, но американската Влада тврди дека направената штета е многу поголема.