Пекинг со критики за САД поради санкциите за кинески компании
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лу Канг изјави дека е Пекинг е против санкциите за 13 кинески и севернокорејски компании.
САД синоќа воведоа санкции против 13 кинески и севрнокорејски организации поради трговија и помагање на Пјонгјанг да ги избегне нуклеарните рестрикции.
Во црната листа на американското Министерство за финансии се додадени три кинески компании, чии трговска размена со Северна Кореја вкупно изнесува 750 милиони долари. Санкционирани се и неколку севернокорејски фирми, кои испраќаат работници во Русија, во Послка, во Кина и во Камбоџа.
Санкциите се воведени откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја врати Северна Кореја на црната листа на држави кои поддржуваат меѓународен тероризам.
Експертот за санкции во Центарот за нова американска безбедност Питер Харел изјави дека санкционирањето на компаниите вклучени во обичната трговија се логичен чекор на кампањата за притисок.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети