Пехчевец го загуби животот при работа во шума

Шеесет и петгодишен пехчевец го загубил животот при извршување на работни задачи во шума. Според информации на полицијата починатиот животот го изгубил на 29.04.2020 кај местото викано ,,Равно борје”.
– На 29.04.2020 во 10.50 часот било пријавено дека во Пехчево, С.В.(65) од Пехчево вработен во фирма, бил повреден при работа во шума, на место викано „Равно борје“, по што починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово и службени лица од Државниот инспекторат за труд –Берово, стои во полицискиот извештај на МВР.
Во текот на горенаведениот период со тешки телесни повреди се стекнале и тројца жители на Берово. На 29.04.2020 во 13.00 часот до полицијата било пријавено дека жителите на Берово со повредите се стекнале на регионалниот пат с.Дабила-с.Петралинци, беровско, откако претходно Ј.Р.(52) од Штип, управувајќи патничко возило „фиат пунто“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
– Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.П.(45) од Берово, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште две сопатнички Ј.Б.(55) и Н.Б.(51) од Берово, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош, се вели во полицискиот извештај.
На местото на несреќата бил извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Ново на Сител
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на ураганот „Лала“
-

Приведен битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава
-

Вашингтон и Сакраменто му понудија договор на Вестбрук пред неговото пензионирање
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
