Пецаков: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан
Кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков во својата изборна програма најави изградба на велосипедската патека од Охрид до Свети Стефан за безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба.
-Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната средина, вели Пецаков.
Проектот покрај задоволување на големиот интерес на населението за патување со велосипед, придонесува за подобрена туристичката понуда во Охрид и директно се придонесува за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат горивата
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Пендаровски се свртеа против САД
-
Изминатиот викенд санкционирани 2045 возачи, 637 за брзо возење
-
Приведени две лица во Кичево и Штип за безобѕирно управување со моторно возило
-
Почина 34-годишен маж во сообраќајка на патот Штип - Карбинци
-
Приведен 45-годишен охриѓанец за издржување затворска казна
-
ЕУ го поздрави Планот на Арапската лига за Газа
-
Трамп ја прекина суспензијата на споделување разузнавачки информации со Украина