Македонија
26. March 2020 - 13:32

Пчелните семејства на удар од вонредната состојба, пчеларите бараат дозволи за движење

Снежните врнежи и ниските ноќни температури деновиве ќе влијаат негативно на пчеларството поради вонредната состојба и ограниченото движење, посебно на повозрасните, категорија во која спаѓаат поголемиот број одлегувачи на пчели од Кривопаланечко.

Здружението „Пчела“ од Крива Паланка апелира Владата да им дозволи на пчеларите непречено движење т.е. посета на пчеларниците.

-Посета на пчеларниците вобичаено вршат еден до двајца пчелари на отворен простор и тоа не преставува голема опасност за ширењето на коронавирусот. За да нема злоупотреба, предлагаме пчеларите при контрола од полицијата како доказ да покажат и имотен лист , т.е. регистарски број на операторот (РБО), издаден од ветернарните станици со име и презиме на пчеларот и локацијата на пчеларникот, изјави Милош Славковиќ од „Пчела“.

Сите пчелари беа разлика на бројната состојба на пчелни семејства и кошници, имаат законска обврска да се ргистрирани во матичните ветернарни станици и да го поседуват овој документ, а во април, заради добивање субвенции, се должни да го пријават бројот на презимени пчелни семејства, па посетите на пчеларниците се неопходни за увид во состојбата.

-Заради поднесување документи за субвенции за 2020 година ќе има голема гужва во ветернарните станици и подрачните единици на Министерството за земјоделство, а со тоа и можност за ширење на вирусот, па апелираме годинава да се одложи рокот за пријавување, додава Славковиќ.

Тој укажа и дека моментната состојба со климата, односно нејзините промени, директно пчеларскиот сектор.

-Во овој период сливите-џанки, родните дрвца кајсии и праски беа во полн цвет и најверојатно ќе бидат уништени. Тоа значи директно намалена посетеност и опрашување од пчелите и помалку донесување полен во пчелните семејства. Во овој период од годината пчелните семејства имаат најголема потреба од полен поради развој и зголемувајње на бројот пчели во секое пчелно семејство од што ќе зависи приносот на мед во багремовата паша. Исто така е значајна и овошната паша, цветањето на јаболкниците, крушите, црешите, за развој на пчелите. Доколку се случи за време на цветањето да има ниски температури како што се случи деновиве, тогаш пчеларската година може да пропадне и ќе биде со многу мали приноси, вели Славковиќ.

Во април, втората половина и крајот од месецот, како и почетокот на мај, пчелните семејства се максимално развиени, сите рамки во кошниците се со многу пчели и независно дали се во отворено или затворено легло. Тогаш трошат најмногу храна, а истовремено имаат многу малку храна во кошниците.

-Доколку тогаш се случи да има вренежи кои ќе бидат подолготрајни, на пример да траат шет-шест дена и подолго, што според праксата редовно се случува, пчелите не можат да излегуват во природата по храна, а многу пчелни семејства загинуваат во тој период ако пчеларите интервентно не ги прихрануваат, објасни Славковиќ и апелира во име на сите пчелари од регионот, Владата и Министерството за земјоделство навреме да донесат соодветни мерки со цел заштита на пчеларството.