Македонија
9. May 2016 - 10:10

Павлопулос: Нема преговори за ветото за Македонија

Грчкиот претседателот Прокопис Павлопулос порача дека нема да се преговара за ветото за Македонија.

Тој на церемонијата во местото Негуш, гратче на северот на земјата,  уште еднаш повтори дека Грција веќе стави вето на интеграцијата на ФИРОМ  за влез во Европската унија и во НАТО  и дека за тоа не може да се преговара.

По  церемонијата на грчката војска тој изјави дека ветото останува се додека ФИРОМ инсистира на погрешното толкување на историјата и ја присвојува грчката историја.

Станува збор за цинични фалсификатори на Грчката историја, кои се однесуваат како во тоталитарни режими за што пример беше варварското однесување кон мигрантите, не можат да се претставуваат дека се пријатели на Грција, изјави Павлопулос  кој во близина на Негуш ги посети гробниците на античките Македонци.