Павлопулос му даде мандат на Мицотакис да формира влада

Лидерот на Нова демократија, партијата победник на вчерашните избори, од Претседателот на Грција го доби мандатот за формирање влада, јави дописничката на МИА од Атина.
– Претседателот на државата, господинот Прокопис Павлопулос по средбата со Претседателот на Парламентот, господинот Никос Вуцис и соопштувањето од негова страна на распоредот на силите на партиите во Парламентот врз основа на резултатите од изборите на 7 јули, телефонски разговараше со Претседателот на Нова демократија, господинот Кирјакос Мицотакис и му го додели мандатот за формирање влада според член 37, параграф 2 од Уставот, соопштуваат од кабинетот на Претседателот на Грција.
Кирјакос Мицотакис во 13 часот по локално време ќе положи свечена заклетва во претседателската палата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
