Павлопулос: Македонија била, е и ќе остане грчка
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во неговиот говор во Офицерскиот клуб во Солун повторно ја обвини Македонија за фалсификување на историјата, за користење име кое наводно не и припаѓа и за изразување иредентистички тензии, и притоа не пропушти да спомене дека Македонија била, е и ќе остане грчка.
Павлопулос учествуваше на двете прослави во Солун, едната за чествување на заштитникот на градот Св. Димитрија, а другата за одбележување на годишнината од ослободувањето. Говорот на свечената вечера во Офицерскиот клуб го искористи за да упати остри, но и веќе познати пораки до Македонија, Турција и Албанија.
-И велиме на БЈРМ, подаваме рака на пријателство, но нема шанси да толерираме, тоа е јасно, и ние јасно го имаме ставено до знаење. Не е само фалсификувањето на историјата, затоа што Македонија беше, е и ќе остане грчка. Тоа го знаеме сите. Не само што не прифаќаме фалсификување на историјата, не прифаќаме иредентистички тензии кои повторно би го направиле Балканот, буре барут во Европа. – порача Павлопулос.
Грчкиот претседател рече дека Грција ја поддржува европската перспектива на сите земји од Балканот, но конкретно, за Македонија, порача дека мора да го почитува европското право.
-Кога имаш една држава која не само што ја фалсификува историјата, туку се појавува и со име кое не и припаѓа, таа изразува иредентистички тензии. Односно во суштина, го оспорува статусот кво на границите на Балканот, во главно границите со Грција. Запомнете дека европското право, исклучува секаков вид на оспорување на границите и смета дека државата која дури и на индиректен начин преку изразување иредентизам ги оспорува границите, го прекршува европското законодавство, а со тоа самата си ја поткопува европската перспектива, рече грчкиот претседател во обраќањето на свечената вечера во Офицерскиот клуб во Солун.
Прокопис Павлопулос, досега на неколку пати ги испраќа истите пораки и обвинувања до Македонија при говори во различни градови низ Грција. Последен пат, за Македонија, говореше на свечената вечера во чест на францускиот претседател Емануел Макрон, за време на неговата посета на Атина, на почетокот на септември.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана