-->
-->
Павличевиќ на местото на Бејли во таборот на МЗТ Скопје Аеродром
-->

Црногорецот Никола Павличевиќ (29 год., 192 см.) до крајот на сезоната ќе настапува за екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска се обврза на договор со шесткратниот македонски шампион со важност до крајот на сезоната.
Станува збор за плејмејкер, кој минатата сезона настапуваше за унгарски Солнок, а кој летово беше дел од репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство (ЕП).
Претходно 29-годишниот Црногорец има играно за Унион Олимпија, Сутјеска, Ловќен и Халман Виена.
Тој доаѓа на местото на Брет Бејли, кому му заврши тримесечниот договор со нашиот клуб и кој нема да биде продолжен. Американецот настапи на шест средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата со просек од 7,7 поени и 3,4 скока.
Управата и стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодаруваат на вложениот труд и му посакуваат сѐ најдобро во продолжението од кариерата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
