Павлески смета дека Јанева е жртва на случајот, во Кривичен пристигна возило на брза помош

Катица Јанева е жртва на случајот „Рекет“ и таа тоа ќе го докаже, изјави денеска адвокатот Стеван Павлески, при присигнувањето на Кривичен суд, каде треба да почне процесот за одредувањето мерка притвор за специјалната јавна обвинителка, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.
Јанева со полициска придружба од нејзиниот дом во Козле, каде се вршеше претрес и се конфискуваше мебел прва стигна во Кривичен, а по неа Павлески. Во Кривичен пристигна и обвинителката Вилма Рускоска.
-Катица Јанева е е човекот кој гледаше либерално на прашањата за притвор, таа е единствената која дозволуваше куќен притвор и враќање на патните исправи, но некој тоа и го зеде за зло. Јас мислам дека Катица Јанева сега е жртва на случајот и од тие причини ќе го докаже тоа, рече Павлески одговарајќи на новинарско прашање дали аргументите се на нивна страна.
Нагласи дека Јанева денеска не е на распит, туку само се одлучува за мерката притвор и напомена дека не очекувал оти таа ќе биде приведена и дека ќе и биде изречена ваква мерка.
Напомена дека Јанева вчера на сослушувањето кај Вилма Русковска била во својство на сведок и оти коректно соработувала и одговорила на се што било побарано од неа.
На прашањето дали ќе побараат да и се дозволи да замине на погребот на мајка и, која денеска починала по долго боледување и кој е закажам за утре, Павлески нагласи дека секако оти ќе побара, но дека и тоа е нешто за кое судијата самиот треба да биде свесен.
Во врска со тоа дали има судир на интереси, поради тоа што тој е адвокат и на Цветан Панделевски еден од осомничените во „Империја“, Павлески рече дека Панделевски не е главниот лик во „Империја“, тоа е Орце Камчев и оти некои колеги адвокати сакаат да прават фама од ова прашање и да привлечат внимание.
Откако Павлески влезе во Кривичен, каде треба да се одлучува за притворот на Јанева, во Кривичниот суд пристигна возило на брза помош, од кое излезе медицинската екипа и влезе во зградата на Судот. Засега нема информации дали нивното пристигнување е поврзано со Јанева.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
