Паунов: АХВ ја одби локацијата кај село Горно Трогерци за јама во која ќе се закопат 9.000 свињи
Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Пуанов денеска информираше дека Агенцијата за храна и ветеринарство ја одбила локацијата кај селото Горни Трогерци за копање јама, во која ќе бидат закопани околу 9.000 свињи од фармата кај село Таринци, по појавата на болеста африканска чума. Оваа локација беше изгласана од страна на мнозинството на советници на вонредна седница на Советот на Општина Карбинци. Посочува дека за институциите најпогодна е локацијата меѓу двете села и Индустриската зона, а жителите на селата Таринци и Нов Караорман се против копање на јама на оваа локација.
-Сакам да го истакнам мојот револт како жители и градоначалник на општината, а граѓаните се секогаш мојот прв интерес. Институциите можат да предизвикат штетни влијанија, со штетни одлуки, но овде сакам да го наметнам и прашањето зошто се дозволи и како оваа болест дојде во една огромна фарма за свињи, којашто е на територија на Општина Карбинци. Она што јас ќе го направам заедно со жителите, револтирани граѓани е дека ќе застанеме на браникот да го одбраниме ова доколку дојде до некаква ескалација или потреба за истото, вели Паунов.
Прашан дали политиката ја копа јамата, Паунов со одговор дека тие како локална самоуправа изгласале локација којашто е над еден километар одалечена од објекти, ниту пак ќе ги загрози подземните води, а додека АХВ и инспекторите одобруваат локација за јама на 500 метри од Индустриската зона во Нов Караорман , во која има фирми и на 800 метри од селото Таринци. Околу 9.000 свињи од приватна фарма во Таринци ќе бидат закопани во јама, каде што во четврток почнаа градежните активности, а месното население со протест ги стопираше градежните машини.
Ново на Сител
-

Дебарчанец почина откако паднал од зграда каде работел
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
