Македонија
14. December 2017 - 8:53

Патувачката изложба „Ана Франк - Историја за денес“ во Гостивар

Патувачката изложба „Ана Франк - Историја за денес“ денеска ќе биде отворена во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар.

Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели, преведени на македонски и албански јазик, кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 30 декември 2017 година, а влезот е бесплатен.