Патрушев: НАТО и Западот и помогнаа на Украина да ја нападне Русија
Претставникот на Кремљ, Николај Патрушев во интервју за „Известија“ истакна дека воениот сојуз, предводен од САД и Западот, директно е вклучен во планирањето на украинскиот напад врз рускиот регион Курск.
Според него операцијата во Курск е планирана со НАТО и западните специјални служби.
– Изјавите на раководството на САД дека не се вмешани во злосторствата на Киев во регионот Курск не се вистинити… Без нивно учество и директна поддршка, Киев немаше да влезе на руска територија – истакна Патрушев.
Белата куќа соопшти дека Украина не ги информирала САД за нејзиниот упад и дека Вашингтон не бил вклучен во операцијата. Руското Министерство за одбрана објави снимка на која се гледа американско оружје на руска територија во Курск.
Претходно, рускиот пратеник и член на Комисијата за одбрана во рускиот парламент, Михаил Шеремет за РИА „Новости“ изјави дека украинскиот упад во Курск поддржан од Западот го доведе светот поблиску до трета светска војна.
– Со оглед на достапноста на западната опрема, употребата на западна муниција и ракети во нападите врз цивилната инфраструктура и неоспорните докази за странска вмешаност во нападот на руска територија, може да се дојде до заклучок дека светот е на работ на трета светска војна – истакна Шеремет.
Украинската армија на 6 август презеде офанзива во руската област Курск и оттогаш постигна значителен успех, а Москва беше принудена да евакуира повеќе од 200.000 цивили.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
