-->
-->
Патрик Виера нов тренер на Кристал Палас
-->
По пауза од 16 години, Патрик Виера се врати во Премиер лигата како нов тренер на лондонски Кристал Палас, градскиот ривал на Арсенал со кој Французинот како фудбалер освои седум трофеи во периодот од 1996 до 2005 година.
Виера (45) потпиша тригодишен договор со Кристал Палас и на тренерското место ќе го наследи 73-годишниот Рој Хоџсон, кој четири години го водеше премиерлигашот од јужен Лондон.
Од јуни 2018 година до декември лани Виера седеше на клупата на францускиот прволигаш Ница.
Виера пред да ја почне тренерската кариера освои три шампионски титули и четири трофеи во англискиот ФА куп со Арсенал, додека со француската репрезентација беше светски првак во 1998, а ја освои и европската титула две години подоцна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот