Патријарх Порфириј: Ние како СПЦ имавме 50 години раскол со браќата од Македонија

СПЦ се обидува да живее во духот на мирот со сите православни цркви, иако тука има несогласувања и кавги, но тоа се минливи работи, изјави денеска српскиот патријарх Порфириј во врска со одлуката на Соборот на СПЦ за прогласување на канонско единство со Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
– Ние како СПЦ имавме 50 години раскол со браќата од Македонија, со браќата за кои можеме да кажеме дека ни се најблиски. Даде господ, пред се со молитви, па и со жртвата која ја поднесе архиепископот Јован (Вранишковски) и другите во Охридската архиепископија и со молитвите и на оние кои се членови на Македонската православна црква, да дојдеме до она што е желба и на едните и на другите и да воспоставиме единство. Да се вратат браќата од Македонија во единство со нас, па и со сите други православни цркви, изјави патријархот Порфириј по средбата на епископи на СПЦ со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Порфириј изјави дека овие настани ги доживува како чудо и како интервенција од Бога.
– За тоа сме му благодарни на Бога. Црквата секогаш ќе биде отворена за секаква соработка на се што е добро и е благодет за сите, додаде српскиот патријарх.
Тој во име на Соборот на СПЦ му се заблагодари на претседателот Вучиќ за „краткиот, но прецизен опис на ситуацијата и глобалната состојба, а во рамките на тоа и состојбата во Србија“.
– Сите чувствуваме дека времињата се комплицирани и повеќе од тешки, секој ден лежиме и се будиме со прашањето кога ќе дојде крајот на конфликтот во Украина. Знаејќи дека ова не е само конфликт меѓу две земји кои би требало да имаат можност за заеднички живот, но ова е подлабок конфликт. Од наша гледна точка, тоа не е само геополитички, туку и судир на вредносни системи, конфликт на цивилизации, што не става во позиција дека мора да имаме став, изјави Порфириј, додавајќи дека ставот на Црквата е „на молитва на Господ за мир за секогаш“.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
