-->
-->
Патот покрај Дебарското езеро наскоро ќе биде осветлен
-->

Фирмата „Дрита“ од Гостивар е избрана за најповолен понудувач на тендерот за улично осветлување на патот покрај Дебарското езеро.
Раководителот на секторот за урбанизам во општина Дебар, Петрит Пачуку информира дека деновиве фирмата треба да почне со реализација на активностите.
- Осветлувањето ќе почне од кракот на патот што се дели од регионалниот пат Дебар-Маврово, кај бензинската пумпа „Прима петрол компани“ се до месноста викана Удово, односно местото каде што се спојува со кракот на регионалниот пат Дебар-Струга, истакна Пачуку, според кого за оваа намена ќе бидат инвестирани 23 илјади евра.
Патот покрај Дебарско Езеро, кој е изграден пред повеќе од една деценија е во должина од два и пол километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
