Патник го провоцираше Мајк Тајсон па си доби ќотек | ВИДЕО
Американскиот веб-сајт „ТМЗ“ објави видео на кое поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија Мајк Тајсон тепа еден „досаден“ навивач во авион.
Според „ТМЗ“, 55-годишниот Тајсон, кој последните години ја врати својата репутација по изливите на насилство во 1990-тите, бил на лет од Сан Франциско до Флорида во средата навечер, кога двајца фанови побарале да се фотографираат со него.
Тој се согласил, бил пријателски расположен, но откако му здодеало посебното внимание и побарал тие да се „смират“, на крајот ја загубил контролата.
Во декември 2020, Тајсон ги предупреди тие кои се однесуваат „премногу удобно“ со работи кои ги кажуваат на социјалните мрежи.
„Социјалните медиуми ве направија удобни со покажување на непочитување кон луѓето и со тоа што нема да добиете удар во лице“, напиша тогаш Тајсон.
Ново на Сител
-
Минималецот ќе се зголеми за 2.000, синдикатот не верува дека ќе се исполни нивното барање
-
СДСМ и ДУИ обвинуваат дека Меџити го злоупотребил законот, Мицкоски им врати – доставете докази
-
Реконструкции во здравствениот сектор – нов лик на ГОБ ,,8-ми Септември" и карил
-
МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица