Македонија
11. January 2018 - 18:34

Патиштата влажни, магла кај Крушево

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Дожд со слаб интензитет врне на Стража, Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и Пресека, а во Крушево видливоста е намалена 50 до 100 метри поради магла.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.