Фудбал
5. March 2016 - 12:28

Пасквер: ФФМ е на вистинскиот правец

Во х. Александар Палас се одржува Годишното собрание на ФФМ  на кое присуствуваат и претставници на ФИФА и УЕФА. 

Високиот претставник на ФИФА, Ева Пасквер пренесе поздрави од новиот претседател Џани Инфантино  и во својот говор рече дека иако постојат дилеми за правците на развој на фудбалот, во Македонија тоа не е случај бидејќи проектите и реорганизацијата на федерацијата покажуваат дека ФФМ е на вистинскиот правец. Стабилност, нормално функционирање, инвестиција во инфраструктура и развој на млади фудбалери е нешто што мора да се пофали . За развојот на мак-фудбалот се важни изградените  10 вештачки терени, проектите за четири стадиони, грижа за фудбалските натпреварувања, за куќата на фудбалот. Скопје, Македонија и ФФМ се позитивен пример за фудбалската експанзија. Најдобар доказ е Суперкупот на Европа во 2017 година. Победниците во ЛШ и ЛЕ и многу поддржувачи ќе бидат ваши гости и ќе уживаат следната година. 
Претставникот на УЕФА Зоран Лаковиќ рече дека работата на една федерација не треба да се оценува преку резултатите на А-репрезентацијата туку преку развојот на инфраструктурата , инвестирањето во младите категории исл. 
Претставниците на ФИФА и УЕФА повикаа на вклучување на сите делегати на ФФМ да се вклучат во развојот на фудбалот без политика како порака од претседателот на ФИФА. 
 
ФОТО: Спортмедиа.мк