Македонија
11. March 2020 - 16:34

Партиите потврдиле учество на лидерската средба, ДИК е подготвена за одложување на изборите

Од превентивни хигиенски мерки, преку забрана за одржување на митинзи, предлози за начинот на кој ќе се одвива гласањето или решенија за мобилни екипи на Државната изборна комисија за гласање на оние во самоизолација, па се до можно одложување на изборите закажани за 12 април...сите сценарија се отворени за утрешната лидерска средба која ја свика техничкиот премиер Оливер Спасовски со лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците поради состојбата со корона вирусот.

Владата вчера забрани масовни собири со над 1.000 луѓе во наредните 14 дена. Изборната кампања пак, според роковникот од ДИК почнува на 23 март кога всушност треба да престане и ваквата забрана.

Од ДИК велат дека, тие се подготвени за сите сценарија и за избори без кампања и за одложување на изборите.

Државната изборна комисија веќе ги повлекува медицинските лица и лекарите од избирачките одбори, а ги има прекинато и сите групни обуки на членовите на избирачките одбори, но тоа според Дерковски нема да влијае на изборниот процес.

Од СДСМ засега потврдуваат дека Зоран заев ќе присуствува на лидерската средба.

„Премиерот Спасовски за утре закажа координација на претсавниците на политичките партии во врска со реализацијата на владините мерки за справување со корона вирусот“, велат од СДСМ.

Неофцијално, владејачката партија засега не е за одложување на изборите.

Лидерот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски веќе најави дека ќе учествува на лидерската средба.

Неспособноста на Владата на СДСМ да се справи со последиците од корона вирусот не загрижува како партија, но веруваме дека професионалците и стручните лица успешно ќе се справат со тоа и доколку владата го употреби и ангазира целокупниот потенцијал. Како партија ќе предложиме сер на мерки кои ќе бидат во насока на превенција од опасниот вирус, велат од партијата на Мицкоски.