Македонија
18. October 2017 - 16:15

Партиите потрошиле над 1 милион евра за кампања

Околу половина милион евра свртеле владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 15 октромври. Албанските партии трошат драстично помалку. Партиите ги поднеса вотрите финансиски извештаи за тоа колку пари собрале, но и потрошиле за вторите десет дена од изборната кампања.

Според извештајот, владејачката СДСМ вториот дел од кампањата повторно го завршува со позитивно салдо и тоа од речиси 137 илјади евра. СДСМ во првите десет дена од кампањата имаше приходи од речиси 253 илјади евра, а потроши само 42 илјади евра. Партијата на Заев, пак последниве десет дена располагала со околу 432 илјади евра. Документот покажува дека владејачката партија од 5-ти до 13-ти октомври добила донации во вредност од 222 илјади евра. Од првиот дел од кампањата од донациите и останале околу 40 илјади евра, додека пак, од чланарини 70 илјади евра. Интересно е дека овој пат СДСМ нема пари од чланарина, но затоа пак добила тројно повеќе донации.

Парите во вториот дел од кампањата, партијата на Заев ги трошела за реклама во телевизии и интернет портали. Најскапо чинат билбордите околу 220 илјади евра, но тие се уште не се во целост исплатени односно чекаат за наплата уште 110 илјади евра. Ако за превоз во првите десет дена биле потрошени само 12 илјади евра, сега за оваа намена се потрошени дури 110 илјади евра.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште го нема поднесено вториот извештај. Сепак, трошоците на нивната кампања се познати имајќи предвид дека во првио извештај на Коалицијата „За подобра Македонија“ беше детален на 190 страници со финансиски обврски за сите 20 дена од кампањата. Тогаш приходите и расходите на опозцијата се движе околу 500 илјади евра. Најголем дел од трошоците се за рекламирање и тоа околу 80 илјади евра. Интересно е дека опозициската коалиција повеќе од овие пари се дадени за интернет кампања и за банери на интернет портали.  За забавниот дел од кампањата партијата потроши околу 10 илјади евра.

Извештајот на ДУИ покажува дека партијата на Ахмети и вториот од кампањата го завршува со минусно салдо  и тоа од 45 илјади евра. Приходите на ДУИ биле обезбедени само од  донации -  61 илјада евра, расходите пак изнесуваат 106 илјади евра, речиси сите потрошени за реклама. Партијата на ДУИ во првите десет дена беше во минус од 85 илјади евра.

Алијансата на Албанците предводена од Зијадин Села во вториот дел од кампањата располагала со скромни 3.500 евра. Сите добиени од донации од граѓани. Движењето потрошило 5.100 евра. Ако во првиот дел од кампањата БЕСА имаше избалансиран извештај на приходи и расходи од околу 20 илјасди евра, овој пат партијата е во загуба од 40-тина илјади евра. Собрала пари од донации во вредност од 10 илјади, а направила трошок од 50 илјади евра.

Партиите конечен финансиски извештај треба да го дадат 30 дена од затворањето на сметаката за избори односно околу три месеци од завршувањето на изборите.