Парламентот на Молдавија и изгласа недоверба на проевропската Влада
Парламентот на Молдавија денеска и изгласа недоверба на проевропската Влада на премиерот Валериу Стрелец, пренесе ТАСС.
Предлогот беше поддржан од 65 пратеници во 101-члениот Парламент.
Гласањето беше инициирано од двете проруски опозициски партии - социјалистите и комунистите. Тие во Парламентот заедно имаат 45 пратеници.
Гласањето недоверба беше подржано и од една од трите партии во владеачката проевропска коалиција - демократите. Останатите две - либералдемократите и либералите, се воздржаа при гласањето.
Владеачката коалиција се подели по симнувањето на пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Влад Филат, лидер на либералдемократите. Тој е осомничен за корупција и учество во присвојување огромна сума пари од банкарскиот систем на земјата.
Гласањето недоверба беше спроведено на одгласите за антивладините протести, кои веќе два месеца ја потресуваат престолнината Кишењев. Илјадници луѓе денеска ја опколија зградата на Парламентот и ги побараа оставките на претседателот Николае Тимофти и Владата и иницираа свикување предвремени избори.
Еден дел од протестното движење се залага за зближување на Молдавија со Русија, а другата за задржувањ ена курсот на европска интеграција. Двете фракции се спогодија да не си пречат.
Ново на Сител
-
Кремљ: Не е јасно што сака Киев
-
Вучиќ: Подготвуваме големи работи за граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија
-
Ковачевски за Отворен Балкан: Бариерите паѓаат, а ние се поврзуваме побрзо
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада, и секој кој се огрешил пред законот ќе одговара
-
МЗШВ: До 30 јуни ќе се продолжи рокот за аплицирање за земјоделски субвенции
-
Мицкоски: Власта да не го блокира заемот од Светска банка за општините
-
Ковачевски: Датумот за почеток на преговорите со ЕУ не зависи од Владата
-
54 годишен маж почина откако бил удрен со возило од 18 годишник