Парламентарни избори во Венецуела

Во Венецуела денеска ќе се одржат избори за Национално собрание, а анкетите покажуваат дека најверојатно ќе победи опозицијата, првпат од 1998 година.
Според некои медиуми, опозицијата дури може да се надева и на две третини мнозинство.
Во корист на опозицијата, според експертите, оди масовното незадоволство од курсот по кој се движи земјата. Последните анкети на истражувачкиот центар „Пју" покажуваат дека околу 85 отсто од жителите не ја одобруваат политиката на денешните власти. И незадоволството е доста зголемено во споредба со 2013 година, кога почина претходниот претседател Уго Чавез.
Само 14 отсто од испитаниците се задоволни од животот во земјата. Поддршка за активностите на сегашниот венецуелски лидер Николас Мадуро изразуваат 29 проценти, а неодобрување - 67 проценти.
Венецуелците се вознемирени главно од економската ситуација во земјата, инфлацијата, поскапувањето, недостатигот на работни места и недостигот на стоки за основните потреби, се истакнува во извештајот центарот „Пју".
Во сегашниот парламент социјалистите на претседателот Мадуро располагаат со 99 места од вкупно 167.
Ново на Сител
-

Уапсен Романец на ГП Делчево, поседувал две тегли марихуана и ЛСД
-

Врвниот невролог од Белград проф. д-р Владимир Костиќ стана визитинг професор во Скопје - Придобивка за студентите по медицина на УКИМ
-

Акциска контрола на товарни возила – 25 возила исклучени од сообраќај
-

Николоски: Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват - Скопје
-

Алкалоид и Прилеп за старт на 9. коло од Супер лигата, дербито се игра во недела
-

Ф1: 13.000 смртни закани на адреса на Гасли
-

Зверев од понеделник прв пат во кариерата на чело на АТП ранг-листата
-

Анчелоти не запира со подмладувањето, повика 15 фудбалери помлади од 23 години
