Парламентарни избори во Хрватска
3,8 милиони хрвати со право на глас избираат 151 пратеник со мандат од 4 години. Главните конкуренти за нивните гласови се владејачката Социјалдемократска партија на премиерот Зоран Милановиќ и опозициската Хрватска демократска заедница која ја води екс министерот за внатрешни работи Томислав Карамарко.
- Ова се најважните избори во последните 4 години. Ова досега беше игра, сега почнува вистинската работа, порача актулниот хрватски премиер Зоран Миланович.
- Верувам дека излезноста ќе биде голема. Верувам дека ова ке биде празник на демократијата што Хрватска го заслужува изјави лидерот на највијателната опозициска партија ХДЗ , Томислав Карамарко.
Изборите од аналитичарите се оценети како неизвесни , без апсолутен победник. Според нив мала е веројтаноста дека било која од двете највијателни партии на власта и опозицијата п СДП и ХДЗ ке може самата да формира влада. Економијата и бегалската криза доминираа во предизборната кампања, но не изостанаа ниту критиките кон своите ривали. За пратеничките мандати се натпреваруваат 2.311 кандидати од 166 партии, коалиции, движења, здруженија
- Ги повикувам сите граѓани на Хрватска со право на глас да излезат и да го дадат својот глас, бидејќи денес одлучуваме за нашата судбина за наредните 4 години, апелираше Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.
Ова се осми парламентарни избори во независна Хрватска , а новитет е таканаречениот преференцијален сиситем, при што избирачот покрај што ќе гласа за кандидатската листа, на неа ќе можат да заокружи и име на кандидат на кој му дава предност да биде избран за пратеник, меѓу сите останати предложени кандидати.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар