Парите од иселениците важни за социјалниот развој на државата
Македонија добива најмалку 400 милиони долари во форма на дознаки годишно што е околу 4 проценти од БДП, покажуваат резултатите од двегодишното истражување што беше спроведено во рамки на проектот „Миграцијата како социјална заштита: Анализа на македонски, албански и српски домаќинства што примаат дознаки“.
Во просек, семејствата во Македонија примаат по 2.500 евра во текот на годината како прилив од нивни блиски во странство и овие средства имаат голема социјална улога за домаќинствата со што индиректно влијаат и врз намалувањето на сиромаштијата.
- Дознаките ја имаат улогата на неформална социјална заштита за примателите. Тоа го покажува фактот дека семејствата кои примаат дознаки имаат помала веројатност да бидат сиромашни за 27 проценти, изјави Благица Петрески од Институтот за економски истражувања и политики.
Препораката на истражувачкиот тим е да се изнајдат стратегии со кои овие средства би можеле соодветно да се искористат.
- Главната препорака до носителите на политиките е дознаките да бидат врамени во една политика каде ќе може да бидат соодветно искористени и кадешто ќе ја намалат на формален начин ранливоста на примателите на дознаки, рече Петрески.
Најчесто во Македонија средствата од иселениците доаѓаат од високоразвиените земји од Европската унија и од прекуокеанските држави како што се Америка и Австралија.
Во споредба со регионот, Македонија бележи средно ниво на примање дознаки. Највисок износ на дознаки има во Косово, додека во Србија дознаките учествуваат околу 8,5 од БДП.
- Резултатите на нашето истражување покажуваат дека во Србија семејствата кои ги примаат овие пари главно ги користат за најосновните потреби како храна, плаќање на сметки и слични работи, истакна Марко Владисављевиќ од Фондацијата за развој на економските науки од Белград.
Висок процент на примање дознаки, односно околу 30 проценти од БДП има и во Казакстан каде исто така сеуште нема изградено стратегија за соодветно искористување на овие средства.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни