Парична помош за 286 новороденчиња во Ѓорче Петров
Решенија за еднократна парична помош во висина од 5.000 денари им се доделени на сите родители кои имаат новороденче и се жители на општината Ѓорче Петров.
- За една година доделивме 286 ваучери, што говори дека нашата цел се исполнува. Тоа е да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, но истовремено и да им помогнеме на овие семејства со скромни средства кои сигурно им се и повеќе од потребни, информираат од општина Ѓорче Петров.
Право на паричен надоместок, без исклучок, имаат сите оние кои според податоците во личните документи се жители на Ѓорче Петров.
Потребни документи заедно со Барањето за еднократна парична помош се лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените на новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка.
Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето. Од буџетот на општината за оваа намена потрошени се 1.430.000 денари.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани