Свет
22. May 2018 - 9:08

Парагвај ја пресели Амбасадата во Ерусалим

Парагвај ја отвори својата нова Амбасада во Ерусалим, следејќи го потегот на САД и на Гватемала.

Романија, Чешка и Хондурас соопштија дека,исто така, ја разгледуваат можноста да го сторат истото.

На влезот во Ерусалим беа поставени знамиња на Парагвај, а потегот го поздрави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој рече дека тоа е „голем ден за Израел, за Парагвај и за пријателство меѓу двете земји".

За време на отворањето на американската амбасада во Ерусалим минатиот понеделник, дојде до судир во кој израелските сили убија речиси 60 Палестинци.