Парадно концертирање на Градскиот дувачки оркестар

Денеска со почеток во 12 часот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт со познатите таканаречени „Чекорници“ во Градскиот парк во Скопје.
На оваа музичка променада, ќе биде изведена следната програма: Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорницa, Дикси парада, Вашингтон пост марш, 3-та Македонска бригада, Огномет на слободата, Во спомен на Ваташа, Работнички и За сите деца
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници,
најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите. На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон...
Ново на Сител
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Цените на нафтата паднаа, Владата нема да прогласи кризна состојба
-

Мицкоски ќе побара од маркетите да не ги зголемуваат цените на производите
-

Опозицијата бара поевтино гориво
-

Уапсен професор од средното уметничко во Скопје – барал да има полови односи со ученичка
-

Антикорупциска не најде судир на интереси кај Томовски
-

Законот за јавно обвинителство ја помина првата фаза во Собранието со поддршка од 75 пратеници
-

Отпуштања од работа во Гентерм, а неофицијално и во Бехтел и Енка
