Папата повика на мир, толеранција и помирување во текот на Олимпијадата
Во пресрет на Летните олимписки игри, што в петок почнуваат во бразилскиот град Рио де Женеиро, папата Франциско денеска упати порака во која нагласи дека Олимпијадата треба да ги поттикне луѓето ширум светот да манифестираат поголема меѓусебна солидарност и разбирање.
- Се надевам дека во денешниот свет кој копнее за мир, толеранција и помирување, духот на Олимписките игри би можел да ги инспирира сите учесници манифестираат добра борба и заедно да стигнат до целта, порача папата во својата олимписка порака, парафразирајќи цитат од Библијата.
Како што јави ДПА, папата порача дека целта на сите не треба да бидат медалите, туку „нешто многу повредно: создавање на цивилизација во која ќе владее солидарноста базирана на фактот дека сите ние сме дел од едно исто семејство на човештвото, независно од раликите во културата, бојата на кожата или религијата“.
Папата во пораката упати и честитки до Бразилците како домаќини на Олимпијадата за нивната покажана гостољубивост и нагласи дека се надева дека Олимписките игри ќе им помогнат „да ги надминат сегашните тешки времиња“ и да работат заедно на изградба на „порамноправна и поправедна земја која ќе нуди поголема надеж и задоволство“.
Ново на Сител
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста