Папата Франциск на велигденското бдеење ја осуди суровоста на војната во Украина
– Папата Франциск на велигденската миса на која присуствуваше, но не ја предводеше, веројатно поради болки во нозете кои ги намалија неговите активности, ја осуди „бруталноста на војната во Украина“.
На мисата присуствуваше Иван Федоров, градоначалникот на Мелитопол, кој беше уапсен од руските сили минатиот месец, а подоцна ослободен во размена на затвореници.
Италијанскиот кардинал Џовани Батиста Ре го замени Папата за време на богослужбата, во чии рамки се одржа поворка во централниот кораб на базиликата „Свети Петар“ во речиси целосен мрак.
Папата седеше под главниот цибориум на базиликата, но стоеше додека се читаше евангелието.
Како што пренесуваат агенциите, Светиот Отец го измени претходно подготвениот текст за да укаже на присуството на Федоров, неговото семејство и тројца украински парламентарци кои седеа во првиот ред. Тој зборуваше за „мракот на војната и суровоста“.
„Сите се молиме за вас и со вас. Се молиме затоа што има толку многу страдања. Можеме само да ви го дадеме нашето друштво, нашите молитви и да ви кажеме: „бидете храбри, ние сме со вас“, рече папата Франциск.
Тој заврши со зборовите „Христос воскресна“ на украински.
Денеска на Велигден, најважниот ден во христијанскиот литургиски календар, по двегодишна пауза поради пандемијата, Папата треба да служи миса на плоштадот „Свети Петар“, а потоа да ја пренесе својата порака и благослов.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни

