Папата Франциск ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск утре во рамки на неговата прва посета на државава, ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Литургијата може да ја проследат само граѓаните кои имаат влезници, а пристапните влезови во литургискиот простор кон плоштадот ќе бидат отворени од 6 часот до 9 часот. Литургијата се очекува да заврши до 13 часот.
Во зоната ќе се пристапува преку девет влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон плоштадот „Македонија“:
Влез 1 кај Управен суд на ул. „Орце Николов”
Влез 2 кај хотел „Мериот“ на ул. „Максим Горки“
Влез 3 кај кафе „Тренд“ на ул. „Никола Вапцаров“
Влез 4 кај Министерство за правда на ул. „Димитрие Чуповски“
Влез 5 кај Министерство за финансии на ул. „Даме Груев“
Влез 6 кај Завод за статистика на ул. „Даме Груев”
Влез 7 кај Пелагонија на ул. „Димитрие Чуповски”
Влез 8 кај Порта Македонија на ул. „11 Октомври”
Влез 9 кај излезот од ГТЦ кон Плоштад
Учесниците, како што стои на веб страницата papa.mk, со себе треба да носат здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат, вода и освежувачки пијалаци во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа. Се препорачува да се носи и мантил во случај да заврне дожд.
Забрането е носење експлозивни направи, пиротехнички средства (запалки, петарди, факли, „бенгалки“ и сл.), запаливи смеси и течности, спрејови и шишиња до компромитиран воздух, огнено и ладно оружје (ножеви, сите видови метални предмети, шипки, палки, ланци, ножици, жилети, комплети за миникирање, метални прибори за јадење и сл., предмети погодни за повредување и самоповредување, храна и пијалаци во метална и стаклена амбалажа, сите видови алкохолни пијалаци и чадори, транспаренти и големи знамиња.
Присутните не треба да носат многу пари со себе и ако имаат потреба од здравствена помош треба да се обрати до најблискиот волонтер, кој ќе има препознатлива ознака.
За време на светата литургија, како што стои на веб страницата papa.mk, кога светиот отец ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање какви било предмети, дури ни цвеќе, а во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.
По завршувањето на литургијата папата во Спомен куќата на Света Мајка Тереза ќе се сретне со лидерите на верските заедници, по што ќе разговара со ранлива група граѓани. Тој ќе се сретне со свештеници од Католичката црква и со нивните семејства, со младите од државава и од светот кои претходно се пријавиле и добиле влезница, како и со претставници на цивилното општество и на дипломатскиот кор. Папата по пристигнувањето на аеродромот во Скопје ќе се сретне и со државниот врв.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит