Свет
4. January 2019 - 10:59

Папата Францис како циркузант: Со звуците на салса тој ги воодушеви присутните во Ватикан со својата акробација

Група кубански циркуски изведувачи му се придружија на папата Францис во неговото неделно обраќање.

Тие танцуваа на звуци на салса и изведуваа акробатски точки, а врховниот поглавар на Римокатоличката црква во таа прилика ги покажа и своите акробатски вештини со топка.

Имено, папата во еден момент ја заврте топката на показалецот, што ги импресионираше собраните во Ватикан.

Папата исто така позираше за селфи со членовите на кубанската циркуска трупа.