-->
-->
Папата Францис: Добив писмо од Мадуро, сѐ уште не сум го прочитал
-->
Евентуалното посредување на Ватикан во Венецуела бара одобрување од две страни, изјави синоќа поглаварот на Римокатоличката црква Франциско и додаде дека примил писмо од претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
-Почетните услови се такви што двете страни треба да бараат посредување- рече папата во авион при враќање од повеќедневната посета на Обединетите Арапски Емирати.
Според него, треба да се почне од можностите за дијалог и приближување на двете страни.
Папата рече дека примил писмо од Мадуро, но сѐ уште не го прочитал.
-Ќе видам што може да направиме кога ќе го прочитам писмото- изјави папата Франциско.
Мадуро вчера изјави за италијански медиуми дека испратил писмо до папата, со кое од него бара помош и посредување.
– Му испратив писмо на папата Францсиско. Му реков дека во служба на Христос и во тој дух, го замолив за помош во процесот на олеснување и јакнење на дијалогот- рече Мадуро, додавајќи дека побарал од Франциско да вложи најголеми напори и да помогне на патот кон дијалогот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра